Достапни линкови

Баросо: ЕУ бара поголеми реформи на Косово


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Приштина изјави дека европската иднина на Косово зависи од неговите граѓани и институции. Тој додаде дека Европската унија ќе продолжи да го поддржува Косово со значајни финансиски средства на патот кон Унијата и НАТО. ,,Ќе ви помогнеме, но на народот и на владата на Косово е да ги продолжат реформите, да ја консолидираат демократијата и да се борат против корупцијата и организираниот криминал,, изјави Баросо по состанокот со косовскиот премиер Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG