Достапни линкови

Израелскиот воен аташе во Москва, шпион


Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека израелскиот воен аташе кој во почетокот на оваа недела беше протеран од Москва се обидувал да дојде до детали за руските договори за продажба на оружје во арапските земји. На протерувањето на Вадим Лидерман остро протестираше Израел. Станува збор за прв таков случај во изминативе 20 години. Русија и Израел имаат тесни економски односи, но Русија исто така е важен извозник на оружје во арапскиот свет.
XS
SM
MD
LG