Достапни линкови

logo-print

Информации за визната либерализација


Претставници на белгиското Имиграционо биро престојуваат во Македонија за да го објаснуваат значењето на визната либерализација по напливот на лажни барања за азил.

Многу е важно барателите на азил да бидат информирани за тоа што значи визна либерализација, и што можат да добијат во земјите од Западна Европа, пред да се решат да отидат таму, велат преставници од белгиското имиграционо биро. Тие престојуваат во земјата за да им помогнат на македонските власти, до граѓаните да дојдат вистинските информации.

Македонија е на седмото место по баратели на азил во Белгија. Ако во 2009 имало 100-тина барања, минатата година азил побарале повеќе од 1000 луѓе. Таа бројка е голема и алармантна, велат престаците од белгиското биро и затоа дошле во Македонија, одблиску да им објаснат на граѓаните од критичните зони, што можат да очекуваат кога таму ќе побараат азил.

Наскоро треба да започне кампања на локално ниво. Македонските власти, заедно со гостите од Белгија, ќе одат во Тетово, Куманово, Шуто Оризари, во местата од каде се најголем број на азиланти и да разговаараат и со локалното население, но и со општинарите, со цел спречување на појавата.


Преставничка од Белгиското миграционо биро вели дека они кои бараат азил треба да знаат дека не можат да добијат економски азил, како што бараат, ниту пак да работат таму. Додека тамошните власти им ги разгледуват барањата, барателите на азил се сместени во шелтер центри, а откако ќе се донесе конечната одлука, луѓето се враќаат назад.

Македонското Министерство за внатрешни работи, како дел од акциите за спречување на злоупотреба на визната либерализација, изминатиот период, извршиле низа контроли на туристичките агении, превозници и на граничните премини. Од изврешните контроли во 87 агениии и на 65 превозници, на вклупно 13 им се изречени санкции, дел од нив парични, а една била и затворена на 15 дена. Како дел од контролата на
Државата, враќањето на азилантите не ја чини пари туку углед, затоа што државите од кои доаѓаат азилантите ги покриваат материјалните трошоци, но угледот на Република Македонија е многу поважен од било кои материјални
трошоци.

граничните премини, на 447 луѓе не им е дозволено да напуштат земјата.

Од МВР велат дека мерките им се во 2 насоки - превенција и контрола, но како што велат, некогаш казните се најдобрата лекција.

Неодамна, министерката за внатрешни работи изјави дека ќе ги употребат и сите маханизми, ресурси и средства за санкционирање на сите они кои ја злоупотребуваат визната либерализација.

„Државата, враќањето на азилантите не ја чини пари туку углед, затоа што државите од кои доаѓаат азилантите ги покриваат материјалните трошоци, но угледот на Република Македонија е многу поважен од било кои материјални трошоци“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Европската комисија, по појавите на злоупотреба на визната либерализација, подготвила предлози за вовоедување на санкции, а не се исклучува и нејзина суспензијата. Овој предлог првин ќе се најде пред Европската комисија на 24 мај, а потоа за тоа ќе решава Советот на министри на 12 јуни.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG