Достапни линкови

Шпанските власти ги забранија протестите против невработеноста



Властите во Шпанија ги забранија протестите против невработеноста, кои младите шпанци ги одржуваат пред локалните избори кои се закажани за в недела. Многумина демонстранти најавија дека ќе ја игнорираат забраната. Веќе 5 дена, во повеќе градови на Шпанија, младите демонстрираат поради тоа што не можат да најдат работа. Шпанија има најголема стапка на невработеност во Европската Унија, 21 насто, а невработеноста на младите меѓу 18 и 25 години е 45 насто.
XS
SM
MD
LG