Достапни линкови

Името, една од главните теми и кај македонските и кај албанските партии во предизборната кампања. Сите со свои ставови како до решение.

Решение на спорот за името со Грција, ветување дека нема да се промени уставното име и решение кое ќе го одобри народот на референдум. Речиси за сите партии, особено од албанскиот блок, името е една од темите кои се нудат на изборното „мени“. Но, овој пат, спорот за името доби една друга димензија.
Нема да коалицираме ако не успееме да се договориме за некои работи, на пример компромисот за името кој треба да се направи итно, најмалку за три месеци, најмногу за шест
месеци.

Аналитичарите велат дека спорот за името не е ставен во контекст на заштита на македонскиот идентитет како што се случи на предвремените избори во 2008 година, туку повеќе во евроатлантска конотација. Албанските партии веќе отворено зборуваат за идејни решенија за проблемот. Претседателот на ДПА Мендух Тачи, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во сабота, изјави дека доколку добие мнозинство гласови на овие избори нема да влезе во владина коалиција доколку не се договорат однапред дека за три до шест месеци ќе се реши спорот за името.

Медијаторот Метју Нимиц. Ќе му се отвори ли повеќе работа по изборите?

„Нема да коалицираме, ако не успееме да се договориме за некои работи, на пример компромисот за името кој треба да се направи итно, најмалку за три месеци, најмногу за шест месеци. Не сакам да ме сфатат како романтичар, тоа е важен аспект за Албанците.“

Претседателот на Национална демократска преродба, Руфи Османи, пак, побара да се најде решение на спорот со арбитража, по примерот на
Она што сакавме да го постигнеме со ваквиот став во поглед на референдумот, е да престанеме веќе да се караме за прашањата кои се битни за
Македонија.
Хрватска и Словенија, додека Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред распишувањето на изборите, тврдеше дека нема потреба од избори се додека не се реши спорот.

Во македоонскиот блок е малку поинаку. Дел од помалите партии нудат ветувања за брзо решение, но ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пак, бараат народот на референдум да се изјасни за ова прашање. Кандидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела, изјави дека ќе свртат нов лист во преговорите, со активна улога и со јасни позици.

„Она што сакавме да го постигнеме со ваквиот став во поглед на референдумот, е да престанеме веќе да се караме за прашањата кои се
битни за Република Македонија.“

Почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, пак, смета дека нема потреба од референдум, и дека на овие избори, партиите што ќе победат, ќе имаат легитимитет да донесат одлука за компромисно решение.
Кога ќе се постави прашањето за учеството во власта тогаш знаат да се ублажуваат ставовите, затоа што основната работа на политичарите е да дојдат до позиции на власт.

Професор Денко Малески вели дека партиите во предизборието кажуваат порадикални ставови за да се привлечат гласачите.

„Кога ќе се постави прашањето за учеството во власта, тогаш знаат да се ублажуваат ставовите затоа што основната работа на политичарите е да дојдат до позиции на власт и мислам дека околу тоа прашање ќе бидат подготвени да прават некакви отстапки и компромиси.“

Но, тој додава дека по изборите, проблемот со името ќе биде во втор план ако на изборите се појават нерегуларности и проблеми за кои предупредува дел од опозицијата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG