Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Албанија


Опозицијата во Албанија и денеска, трет ден по ред, протестира поради спорното пребројување на гласовите за градоначалник на главниот град Тирана. На првото пребројување, на 8-ми мај, лидерот на опозиционите социјалисти Еди Рама имаше предност од само 10 гласа, но потоа изборната комисија реши да ги брои и гласачките ливчиња кои биле ставени во погрешна кутија. Рама се закани дека нема да ги признае резултатите од изборите, а премиерот Сали Бериша предупреди дека тоа би можело да иницира нови насилства во земјата.
XS
SM
MD
LG