Достапни линкови

Гордон: САД и ЕУ соработуваат околу Балканот


Филип Гордон

Филип Гордон

Администрацијата на претседателот Барак Обама тесно соработува со Европската унија во проширувањето на европската зона на мир, благосостојба и демократија, изјави американскиот помошник државен секретар Филип Гордон во сведочењето пред сенатскиот Комитет за надворешни односи. ,,Американската и европската позиција е дека Европа нема да биде целосна се додека сите земји од Западен Балкан не станат членки на Европската унија,, изјави тој додавајќи дека заедничката дипломатија е клучна за напредокот на регионот. Тој притоа повтори дека Македонија ќе му се приклучи на НАТО кога ќе го реши спорот со Грција околу името.
XS
SM
MD
LG