Достапни линкови

logo-print

Обама побара демократски реформи на Блискиот исток, вети помош


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека демократизацијата на Блискиот Исток и Северна Африка претставуваат историски предизвик. Во својот говор во Стејт Департментот тој изјави дека промените во последните месеци во регионот покажуваат дека ерата на репресија завршила. Обама оцени дека про демократските сили кои протестираа оствариле повеќе за шест месеци за реформирање на регионот отколку достигнувањата на терористите кои
работат со декади. Тој ја повтори и американската подршка за универзални права на луѓето на Блискиот Исток.Обама исто така го предупреди сирискиот лидер Башар Ал Асад да го промени курсот или да си замине од функцијата.Тој исто така ја критикуваше подршката на Иран на Сирија.
XS
SM
MD
LG