Достапни линкови

Поранешниот шеф на ММФ Строс Кан во домашен притвор


Поранешниот шеф на ММФ Доминик Строс Кан приложи кауција во судот во Њу Јорк каде се соочува со обвинувања за сексуални малтретирања.Со кауцијата во износ од 1 милион долари Судот одлучи да го ослободи под услов тој да остане во домашен притвор.Претходно Строс Кан си поднесе оставка на функцијата но го негираше обвинувањето на собарката во хотелот дека се обидел да ја силува. Како негов наследник на функцијата во ММФ се споменува името на француската министерка Кристина Лагард.
XS
SM
MD
LG