Достапни линкови

Нова група романски полицајци и цариници обвинети за корупција


Четириесет и девет романски полицајци и царинарници од граничниот премин Најдаш на романско-српската граница се осомничени се дека учествувале во илеагална трговија со цигари и против нив е подигнато обвинение за корупција. Од почетокот на годинава вкупно 234 романски полицајци и цариници од граничните премини со Украина, со Србија и со Молдавија се обвинети за корупција. Според Обвинителството полицајците и царинарниците од граничниот премин Најдаш, во периодот од октомври 2010 до јануари 2011 година за една смена добивале и по 2.700 евра со цел непречено да поминат цигари од Србија.
XS
SM
MD
LG