Достапни линкови

Во Шпанија уапсени наркодилери од Србија и од Црна Гора


Во Акција на српската Безбедносно информатифна агенција (БИА) и на шпанската полиција во Шпанија уапсени се шест лица од Србија и од Црна Гора осомничени за шверц со дрога од Јужна Америка. Во операцијата, која траела една година, запленети се 77 килограми кокаин, соопшти БИА. Тројца од уапсените се државјани на Србија, а тројца на Црна Гора. Кокаинот од Аргентина пристигнал во шпанското пристаниште Тарагон со прекуокеанскиот брод „Пераст“. Дел од дрогата била запленета на бродот, а дел на копно.
XS
SM
MD
LG