Достапни линкови

Митриновски ќе се жали на одлуката на Судскиот совет за неговото разрешување


Разрешениот судија и поранешен претседател на Апелацискиот суд во Скопје Јордан Митриновски смета дека донел законска одлука кога одлучувал Бајруш Сејдиу да замине во куќен притвор. Тој на денешната прес-конференција рече дека ќе се бори правдата да излезе на виделина и оти ќе поднесе жалба за одлуката на Судскиот совет, која, според него е неоснована. „Во нашата одлука по наведениот предмет нема никакво непрофесионално, незаконско или нестручно одлучување и работење, туку исклучиво само професионален пристап и пристап согласно сите одредби што го решаваат институтот гаранција и институтот притвор“ рече Митриновски.
XS
SM
MD
LG