Достапни линкови

Бугарија треба да врати 70 милиони евра за проектот „Марица Исток 2“


Бугарија ќе треба да врати 70 милиони евра за проектот термоелектрани „Марица Исток 2“, соопшти во Софија бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов по седницата на Државно-општествената комисија за спречување на измами. Извештајот на службата за борба против измами го опфаќа периодот од 2000 до 2008 година и се однесува на изведените постапки и извршените прекршоци. „Марица Исток 2“ е најголемата термоелектрана во Бугарија и се состои од осум блокови кои произведуваат 1.500 мегавати електрична енергија.
XS
SM
MD
LG