Достапни линкови

Нови протести против НАТО во Авганистан


Повеќе од 200 лица се собраа на втор ден протести во авганистанската провинција Тахар, изразувајки незадоволство од нападот на НАТО во кој наводно загинале четворица цивили. Денеска демонстрантите фрлале камења и палеле полициски згради, потврдија локалните власти. Полицајците стрелале во воздух за да ги растераат насобраните. Најмалку 12 лица загинаа во вчерашните протести. Полицијата и локалното население тврдат дека силите на НАТО убиле цивили, додека од Алијансата велат дека застреланите биле бунтовници кои ги нападнале странските војници.
XS
SM
MD
LG