Достапни линкови

Баросо ја одложи посетата на Албанија


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја одложи посетата на Тирана планирана за утре, поради зголемените политички тензии во Албанија. Според албанските медиуми Баросо е „разочаран од однесувањето на политичарите во Тирана“, кои го игнорираат секое предупредување што доаѓаше од Западот за надминување на кризата предизвикана со одолговлекувањето на објавувањето на резултатите од локалните избори што се оддржаа на 8 мај. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија Кетрин Ештон денеска ги повика албанските политички лидери да се заложат за „завршување на изборниот процес на мирен и конструктивен начин и да се насочат кон иднината“.
XS
SM
MD
LG