Достапни линкови

logo-print

Меркел: Европеец да го замени Строс Кан


Доминик Строс Кан

Доминик Строс Кан

Германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека жител на Европа треба да го замени Доминик Строс Кан на челната позиција на Меѓународниот монетарен фонд. Строс Кан, кој е во притвор во Њујорк, обвинет за сексуален напад на собарка во хотел, си поднесе оставка од директорската позиција на Фондот. Тој изјави дека ги отфрла сите обвиненија, дополнувајки дека се повлекува од функцијата за да се посвети на докажување на неговата невиност. Меркел рече дека брзо треба да се одлучи кој ќе биде нов шеф на меѓународната организација.
XS
SM
MD
LG