Достапни линкови

(Не)Реална поделба на Косово


Косовското знаме
Косовското знаме

Иако не веруваат дека поделбата на Косово ќе стане реалност, домашните експерти со различни размислувања за евентуалното влијание врз Македонија.

Идејата за поделбата на Косово, домашните експерти велат нема да стане реалност, но доколку би се остварила за едни ќе има последици врз Македонија, а други го тврдат спротивното. Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ ја актуелизираше темата, а српскиот заменик премиер Ивица Дачиќ потоа изјави дека тоа е единственото решение.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека приказната со создавање нови држави во Југоисточна Европа и на Балканот е
Таа поделба би подразбирала создавање на некои нови идеи внатре во Република Македонија, прво за федерализација на Македонија во класична смисла, па и во смисла на некакви изведби на таа федерализација.
завршена и не може да се зборува за поделба на Косово, бидејќи земјата веќе прогласи независност. Но, според Марковски, тоа што српската страна во последно време соочена со фактот дека не може да го врати Косово и игра на картата на поделба, негативно би се одразило врз Македонија.

„Таа поделба би подразбирала создавање на некои нови идеи внатре во Република Македонија, прво за федерализација на Македонија во класична смисла, па и во смисла на некакви изведби на таа федерализација, посебно она што во програмата го има на пример, Руфи Османи и второ отцепување на дел од северозападниот дел на Македонија.“


И професор Назми Малиќи не верува во поделба на Косово, но не се сложува дека различниот тек на настаните би влијаел врз земјава.

„Македонија е веќе надвор од контекстот на овие размислувања, овие кроења на карти, затоа што ,,филмот“ не може да се врати назад од историјата. Макеоднија е независна држава.“

Според Марковски, политичките партии од земјава може да ја искористат идејата само за да придобијат гласови, но после изборите таа ќе биде заборавена.
Македонија е веќе надвор од контекстот на овие размислувања, овие кроења на карти, затоа што ,,филмот“ не може да се врати назад од историјата. Македoнија е независна држава.

„По осознавањето за тоа, кој со колку пратеници се здобил по изборите ќе спласне и таа идеја за вакви ретроградни размислувања, односно размислувања за разединување на македонското ткиво.“

Малиќи, пак, вели дека нема такви размислувања.

„Затоа што и Македонците и Албанците, сега зборувам за политичките раководители и партиските определби, во нивните партиски програми, во нивните партиски определби, такви размислувања, нема.“

Поранешниот американски дипломат и експерт од Центарот за евро-атлантски односи во Вашингтон, Даниел Сервер за Радио Слободна Европа изјави дека поделбата на Косово не би била добра, бидејќи никој нема да може да им гарантира територијален интегритет на Босна и Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG