Достапни линкови

Дваесетмина загинати во три експлозии во Авганистан


Дваесетмина загинаа во експлозии на три бомби во градот Киркук во Ирак а осумдесетмина се повредени. Првата експлозивна направа која била поставена во автомобил, експлодирала на паркинг на полициската станица во градот. Уште една експлозивна направа била детонирана откако полицијата се насобрала на местото на експлозијата кај првиот автомобил. По неколку часа трета бомба експлодирала не далеку од местото на првите две експлозии. Станува збор за најкрвав инцидент во Киркук во изминативе два месеци. Населеното место е оддалечено на 290 километри северно од главниот град Багдад.
XS
SM
MD
LG