Достапни линкови

Завршува ли кризата?


Завршува ли економската криза?
Завршува ли економската криза?

Различни се оценките на упатените за тоа дали економската криза ја напушта Македонија по неколкуте објавени податоци за раст на прометот во индустријата.

Додека владата гледа простор за оптимизам, дел од економистите предупредуваат дека податоците за раст од 14,7 проценти треба да бидат поткрепени и со прецизни анализи во кои дејности од индустријата има придвижувања и од кои причини, за да може да се каже дали истиот е реален или не. Според професор Ванчо Узунов,
Треба да се каже еве што го предизвика тој пораст, ако е реален, и тој треба да биде нешто што е на одржлива основа, па тогаш да тврдиме и да кажеме дека е индикатор дека излегуваме од
кризата.
клучен проблем е што други параметри покажуваат дека кризата воопшто не е одмината:

„Нема некои договори, нема нова работа, во стагнација е економијата, во последно време само за избори се зборува, нешто тековно се работи, но долгорочно ништо не се планирa... Tака што од каде овој податок, треба да се каже еве што го предизвика тој пораст, ако е реален, и тој треба да биде нешто што е на одржлива основа, па тогаш да тврдиме и да кажеме дека е индикатор дека излегуваме од кризата.“

Металопреработувачката индустрија - носител на растот

Митко Алексов од Сојузот на стопански комори, пак, вели дека евидентни се позитивни движења во економијата во првиот квартал и дека тоа можело да се предвиди уште при крајот на 2010-та кога растот бил од 0,7%. Има раздвижување во индистријата која со 25 проценти учествува во креирањето на бруто-домашниот производ, вели Алексов:

„Споредено со кварталот од минатата година, некаде околу 22% имаме зголемување на индустриското производство, тоа се должи пред се на зголемување на побарувачката од странските партнери што е еден сигнал дека полека, полека и претпазливо, но кризата поминува и
Споредено со кварталот од минатата година, некаде околу 22% имаме зголемување на индустриското производство, тоа се должи пред се на зголемување на побарувачката од странските
партнери.
одредени сегменти во европската и светска економија, се опоравуваат.“

Сепак, професор Узунов вели дека тоа што се кажува во време пред избори треба да се зема со доза на резерва зашто многу работи се кажуваат и за да се привлечат гласачи:

„Мене ми наликува на релегија, тој што верува, верува, тој што не верува, не верува и тука многу аргументи во случајот на Македонија не вредат.“

Според ССК, има зголемување на производството во металопреработувачката индустрија, во текстилната индистрија, во прехранбената индустрија, обоените метали и во рударството.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG