Достапни линкови

Ветувањата на политичките партии секои избори се повторуваат, но колку се исполнуваат? Граѓаните велат дека веќе не веруваат во политичките „приказни“.

Македонија во Европската унија и НАТО, намалување на невработеноста и сиромаштијата, нови патишта, намалување на даноците, подобар живот за граѓаните... Звучат познато, зашто овие ветувања се слушаат пред секој изборен циклус. Така и деновиве. Ветувањата за подобро утре се слушаат од партиските говорници, на митинзи, на средби со граѓаните, во интервјуа и дебатни емисии. Доаѓаат од различни страни, а се адресираат до гласачите. Иако според досегашното искуство, многу мал дел од ветеното се исполнува,
Секој ветува многу доколку не седне во фотељата, а кога ќе седне го заборава ветенотo.
партиите одлучно ја водат својата битка. А, граѓаните кои ние ги прашавме велат дека не им веруваат.

„Ништо тоа, само го лажат народот и ништо друго.“

„Дојди еден на власт не чини, дојди друг не чини, значи фактички од политичарите ништо, тие се грижат за себе си, а за нас ништо.“


„Сите ме разочараа.“

„Секој ветува многу доколку не седне во фотељата, а кога ќе седне го заборава ветеното.“

„Се ќе биде, ќе биде, ама не бидува ништо.“

„Се е ’лук и вода‘. Треба да се почуствува тоа, а штом стандардот опаѓа тоа е знак дека нешто не оди напред.“
Дојди еден на власт не чини, дојди друг не чини, значи фактички од политичарите ништо, тие се грижат за себе си, а за нас ништо.

„Не ми се верува дека некој им верува веќе.“

Политичките аналитичари велат дека партиите ја водат истата игра зашто досега таа се покажала успешна. Тие предупредуваат на поголема претпазливост од страна на граѓаните.

„Секако дека не треба да учествуваат во играта на политичките партии, ако некои политички партии досега успеале да ги излажат граѓаните неколку пати, тогаш сега граѓаните не треба да им дадат доверба“, изјави универзитетскиот професор Хасан Јашари.

Според експертите, политичките субјекти не смеат да го потценуваат капацитетот на граѓаните, оти токму тие може да ги казнат.
Ако некои политички партии досега успеале да ги излажат граѓаните неколку пати, тогаш сега граѓаните не треба да им дадат доверба.


„Постои едно потценување на граѓаните, дека тој ништо не разбира во тој процес. Треба да ја добиете неговата симпатија со лага, со некое претерување, нешто со кое ќе го залажате многу повеќе од она што е реално“, изјави социологот Илија Ацески.

„Едниот ветува едно, другиот трето... Но, она што е најкритично е тоа дека тие ветувања на партиите се врзани за нешто што е данок на буџет, она што државата го обебедува од граѓаните“, вели Јашари.

Сепак упатените велат дека иако честопати граѓаните не веруваат во предизборните ветувања, сепак гласаат за партијата што ја префериираат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG