Достапни линкови

Баросо и Филе ќе ја охрабрат Србија на патот кон ЕУ


Жозе Мануел Баросо и српскиот премиер Мирко Цветковиќ

Жозе Мануел Баросо и српскиот премиер Мирко Цветковиќ

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Белград ќе предадат две пораки. Според портпаролот на Баросо, првата е дека вратата на ЕУ е отворена за Србија, но оти треба да бидат отстранети последните препреки за тоа, пред да биде донесена одлуката за кандидатурата на Белград.
Баросо, според портпаролот, пристигнува со охрабрувачки пораки но и со јасни очекувања. дека времето минува и оти Србија треба целосно да ги применува политичките критериуми, реформите во судската област, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и соработката со Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG