Достапни линкови

Крај на хегемонијата на доларот


Светската банка очекува американскиот долар да ја загуби својата осаменичка доминација во глобалната економија до 2025 година, а еврото и кинескиот јуан да се етаблираат на еднакво рамниште со него во новиот мулти-валутен монетарен систем. Ова се наведува во тесктот објавен во Фајненшал тајмс за најновиот извештај на Светската банка.

Преминот ќе биде управуван од зголемувањето на моќта на растечките економии Бразил, Кина, Индија, Индонезија, Русија и Јужна Кореја, пишува Фајненшал тајмс, повикувајќи се на извештајот на Светската банка, објавен деновиве.

Во него, меѓу другото се вели дека новите растечки економии од сега, па до 2025 година ќе растат со стапка од 4,7 проценти, што е со многу побрзо темпо од развиените истата временска рамка.

„Билансот на глобалниот раст и инвестициите ќе се префрли врз земјите во развој“, вели за Фајненшал тајмс, Манур Дајлами, водечкиот автор на извештајот на Светската банка.

Импликациите се широки

На пример, тој вели дека оваа поделба на моќта ќе доведе до голема промена на инвестициските текови и менување на корпоративниот пејзаж во кој, како што наведува, нема да видите доминација на постојните мултинационални компании.


Покрај тоа, постепено ќе се развива поинаков меѓународен монетарен систем во кој се уништува позиција на американскиот долар како главна светска резервна валута.

„Моменталната доминација на американскиот долар ќе заврши некаде пред 2025 година и ќе биде заменета со еден монетарен систем во кои
Неговиот статус е подготвен да се прошири само доколку еврото може успешно да ги надмине должничките кризи со кои се соочуваат некои од членките на ЕУ.
доларот, еврото и јуанот ќе служат за одредување на вредноста на светските валути“, наведува весникот.

Во извештајот се идентификува еврото како најголем ривал на американскиот долар, но со еден предуслов.

„Неговиот статус е подготвен да се прошири, само доколку еврото може успешно да ги надмине должничките кризи со кои во моментов се соочуваат неколку од нејзините земји членки и доколку се избегнат моралните проблеми во Европската унија“, се вели во извештајот.


Што се однесува до Кина, во извештајот се забележува дека тамошните власти започнале интернационализирање на јуанот преку развивање на оф-шор пазар на валутата и со поттикнување на употребата на јуанот во фактурирањето меѓународни трговски трансакции.

Поголемата улога на кинеската валута ќе помогне во решавањето на голема разлика меѓу кинеската економска сила на глобалната сцена и нејзината поврзаност со странските валути, се оценува во најновиот извештај на Светската банка.

Сценариото презентирано од Банката значи дека финансиските институции ќе мора да се адаптираат што е можно побрзо, оценува Џастин Лин Јифу, главен економист на Светската банка за весникот Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG