Достапни линкови

Строс-Кан поднесе оставка во ММФ


Шефот на ММФ Доминик Строс-Кан

Шефот на ММФ Доминик Строс-Кан

Шефот на ММФ Доминик Строс-Кан поднесе оставка на функцијата. Оставката стапува на сила веднаш. Тој категорично ги отфрла сите обвиненија за силување. Тврди дека е невин и дека оставката ја поднесува за да ги посвети сите сили и енергија за докажување на, како што вели, неговата невиност.

Строс-Кан денеска повторно треба да се појави пред судот во Њујорк на повторно сослушување за ослободување со кауција. Судијата веќе еднаш го одби барањето за кауција со образложение дека постои можност за бегство. Строс-Кан е обвинет за обид за силување на собарка во хотел во Њујорк. Ако биде осуден, тој се соочува со затворска казна од 25 години. На него се гледаше како на можен кандидат за претседател на Франција.
XS
SM
MD
LG