Достапни линкови

logo-print

Стефановиќ и Тахири без конкретни договори


Шефовите на преговарачките тимови на Белград и на Приштина, Борислав Стефановиќ и Едита Тахири денеска изразија жалење што и покрај оптимизмот со кој влегоа во четвртата рунда на дијалог, ни за два дена разговор не постигнаа конечен договор ниту за една тема. „Никој немаше илузии дека ова ќе биде едноставен процес. Треба да се биде свесен дека анимозитет постои, дека постои недоверба. Цело време постои еден одбранбен став на Приштина која се обидува да добие потврда за својата така наречена независност и поради тоа често доаѓаме во ситуација да нема конкретни предлози за конкретните проблеми“ рече Стефановиќ. Тој изрази оптимизам дека на следните средби Европската унија во рамките на посредувањето ќе има „поинтензивна, поагресивна и подиманична улога“. Шефот на пришинскиот тим Тахири исто така изрази жалење што не е постигнат никаков конкретен договор, додавајќи дека ќе се постигне согласност за темите како што се слобода на движењето, слободан трговија, енергетика и телекомуникации. „Се уште има некои разлики, кои не се големи, но од нас бараат разгледување и храброст да се донесе одлука“ изјави Тахири. Следната средба е планирана за средината на јуни.
XS
SM
MD
LG