Достапни линкови

Претседателот Иванов се сретна со шефот на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори


Поголемите политички партии потпишаа кодекс за фер избори

Поголемите политички партии потпишаа кодекс за фер избори

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените избори Џулијан Пил Јејтс. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, од средбата произлезе заемната констатација дека претстојните парламентарни избори треба да ја потврдат демократската зрелост на земјата и капацитетот на сите учесници во процесот на гласање согласно највисоките демократски стандарди. Шефот на ОБСЕ/ОДИХР Пил Јејтс, информирајќи го претседателот Иванов за целите, надлежностите и одговорноста на неговата мисија, посочи дека на изборите сите учесници треба да ја исполнат својата улога. Тој додаде дека мисијата ќе ги оценува изборите од аспект на усогласеност со принципите за демократски изборни процеси, преземените обврски од сите држави-членки на ОБСЕ, како и со националната законска регулатива.
XS
SM
MD
LG