Достапни линкови

Украина сака да се консултира со Романија и САД за антиракетниот штит


Министерот за надворешни работи на Украина рече дека официјален Киев побарал да се консултира со Букурешт и Вашингтон во врска со поставувањето на антиракетниот штит во Романија. Константин Гришченко на прес конференција рече дека сака да се дискутираат „сите политички аспекти на ова прашање“ во поширок контекст на европскта безбедност. Букурешт и Вашингтон пред две недели ги завршија преговорите за поставување на 24 антиракетни системи во југот на Романија.
XS
SM
MD
LG