Достапни линкови

Предложени измени на кривичниот законик за визната либерализација


Министерството за правда подготви и до Владата на Република Македонија достави предлог за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се предвидува ново кривично дело „Злоупотреба на правата од безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Со ова кривично дело, како што соопшти Министерството за правда, се санкционира сторителот кој врбува, поттикнува, организира, засолнува или превезува лица во држава членка на ЕУ и на Шенгенскиот договор. За овој облик на кривично дело е пропишана казна затвор од најмалку четири години. Ако делото е сторено од користољубие се пропишува казна затвор од најмалку осум години.
XS
SM
MD
LG