Достапни линкови

Албанија и Србија ги укинуваат царините за прехранбените производи


Албанија и Србија потпишаа договор за укинување на царините на сите прехранбени производи. Целта на договорот е зголемување на трговска размена меѓу двете земји. Тоа е согласно спогодбата за слободна трговија во Централна Европа за обединување на пазарите на земјите од регионот. Албанија внесува од Србија шеќер, пченка и други прехранбени производи. Албанскиот извоз за Србија е претежно овошје и зеленчук.
XS
SM
MD
LG