Достапни линкови

logo-print

Десетмина загинати во протести во Авганистан


Најмалку десетмина загинале а педесетмина се ранети во протести во Авганистан, во знак на незадоволство од убивањето на двајца мажи и две жени во напад на НАТО во северот на земјата. Локалното население и полицијата тврдат дека четворицата загинати во вчерашниот напад биле цивили, додека од Алијансата велат дека убиените биле бунтовници кои стрелале кон војниците. Денешните немири настанаа откако илјадници луѓе се собраа на погребална церемонија на четворицата убиени во провинцијата Такхар. Демонстрантите се судриле со безбедносните сили откако почнале да фрлаат камења кон база на НАТО.
XS
SM
MD
LG