Достапни линкови

Брисел во јуни ќе каже дали ќе има промени во визната либерализација


Петер Соренсен

Петер Соренсен

Во јуни ќе се знаат заклучоците на мисијата на Европската комисија која врши проценка на спроведувањето на визната либерализација за Македонија и другите земји од регионот, најави денеска евроамбасадорот Петер Соренсен во врска со најавите за можно укинување на безвизниот режим доколку не се намали приливот на азиланти во земјите од ЕУ. „За сега не можам да коментирам. Има набљудувачка мисија која ја проценува состојбата овде и во целиот регион. Не сакаме да излегуваме со никакви заклучоци пред да видиме што тие ќе кажат. Колку што знам, во јуни ќе го завршат својот извештај и тогаш ќе се навратиме на ова прашање“ рече Соренесен.
XS
SM
MD
LG