Достапни линкови

Томсeн: Грција да ги забрза структурните реформи


од протестите против мерките за штедење

од протестите против мерките за штедење

Грција е должна да ги забрза структурните реформи, посебно оние кои се однесуваат на државниот сектор, доколку сака успех на меѓународниот план за спас на земјата од должничката криза, оцени шефот на Mисијата на Меѓународнот монетарен фонд во Атина Пол Томсeн. Во обраќање на конференцијата организирана од британското списание „Економист“ во Атина, Томсeн оцени дека програмата за заздравување на грчката економија ризикува да пропадне, доколку не бидат спроведени планираните рефори. Во обраќањето на собирот главниот економист на Европската централна банка, Јирген Штарк оцени дека идејата за преструктуирање на грчкиот државен долг претставува „рецепт за катастрофа“.
„Илузија е да се верува дека преструктуирање на долгот или нешто друго ќе помогне за решавање на проблемите на Грција. Грција нема друга алтернатива освен да го прилагоди буџетот. Преструктуирањето на долгот е рецепт за катастрофа што ќе ги крене во воздух грчките банки“ рече Штарк.
XS
SM
MD
LG