Достапни линкови

Медведев: наскоро ќе ја соопштам одлуката за изборите


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека е прерано да каже дали ќе се кандидира за втор мандат на изборите догодина, но оти наскоро ќе ја соопшти неговата одлука. Медведев денеска во Москва одржа најголема прес конференција откако е на таа функција. За неа беа акредитирани повеќе од 800 новинари. Тој и премиерот Владимир Путин, менторот кој го донесе во Кремљ во 2008 година, сугерираа дека еден од нив во март догодина ќе се трка за шест годишниот претседателски мандат.
XS
SM
MD
LG