Достапни линкови

Притисок за повлекување на Строс Кан


Американскиот министер за финасии Тимоти Гајтнер изјави дека Доминик Строс Кан очигледно не е во позиција да го води Меѓународниот монетарен фонд, по апсењето под обвинување за обид за силување. Гајтнер смета деја Извршниот одбор на ММФ треба официјално да наименуваат привремен директор. Оваа функција сега ја води Дон Липски. Стос Кан е во затвор во Њујорк под обвинување дека сексуално нападнал хотелска собарка. Соединетите држави имаат главен збор во решавањето кој ќе биде на чело на ММФ затоа што имаат најголем број гласови во оваа организација.
XS
SM
MD
LG