Достапни линкови

logo-print

Албански пратеници ја опколија салата на изборната комисија


Пратеници од Социјалистичката партија на Албанија од вчера ја опколија салата на Централната изборна комисија во Тирана, што го принуди претседателот на комисијата да ја прекине седницата, пишува албанскиот печат. Пратениците социјалисти влегле во салата за седници на комисијата, за да спречат евентуално донесување одлука, која ја оспорува победата на локалните избори на 8 мај на лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама за градоначалник на Тирана. Во просториите на комисијата, како и пред зградата, се наоѓаат полициски единици. И покрај повиците на полицијата, пратениците изјавиле дека нема да се повлечат. Според прелиминарните резултати разликата меѓу Еди Рама и неговиот противник Љуљзим Баша од Демократскатаа партија е само десет гласа.
XS
SM
MD
LG