Достапни линкови

Медведев би можело да ја објави изборната стратегија


Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска се очекува да ја одржи најголемата прес конференција откако е на таа функција. Повеќе од 800 новинари се акредитирани на конференцијата закажана во Москва. Аналитичарите сметаат дека Медведев би можело да ја објави неговата стратегија за претседателските избори во 2012 година. Тој и премиерот Владимир Путин, менторот кој го донесе во Кремљ во 2008 година, сугерираа дека еден од нив во март догодина ќе се трка за шест годишниот претседателски мандат.
XS
SM
MD
LG