Достапни линкови

Строс Кан нема имунитет за обвинението


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека генералниот директор на организацијата Доминик Строс Кан не ужива никаков имунитет кој би го заштитил од судска постапка по обвинението за обид за силување. Во соопштението е наведено дека неговиот имунитет е ограничен и не се однесува на овој случај, односно се однесува на дела поврзани со обавување на фунцијата.

ММФ вчера соопшти дека Стос Кан бил во приватана посета на Њујорк кога се случил наводниот напад на собарката во хотелот каде што престојувал. Притисокот расте за шефот на ММФ да се симне од функцијата.Американскиот секретар за финасии Тимоти Гајтенр изјави дека „е очигледно оти Строс Кан не е во состојба да работи во ММФ“.
XS
SM
MD
LG