Достапни линкови

Хрватска во јуни ќе стане членка на ЕУ?


Хрватска ги исполни сите критериуми за затворање на преговорачките поглавја Правосудство и Основни права, клучни за завршување на преговорите за присоединување кон ЕУ, изјави заменик претседателката на Европската комисија Вивиен Рединг, цитирана од хрватската телевизија. Дипломати во Брисел, на кои се позвикува телевизијата, како сигурно го сметаат завршувањето на преговорите со Хрватска до крајот на јуни. Рединг информира за хрватското исполнување на критериумите зададени од еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој тоа во четврток ќе го пренесе до постојаните претставници на земјите членки на Унијата, дополнува ХРТ.
XS
SM
MD
LG