Достапни линкови

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина


Шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина Борислав Стефановиќ и Едита Тахири денеска, пред почетокот на четвртата рунда од дијалогот, изразија очекување дека во оваа рунда ќе бидат затворени некои од прашањата за кои се разговараше во текот на претходните средби на двата тима. „Во таа смисла ние сме оптимисти“ рече Стефановиќ пред почетокот на дијалогот, што се оддржува во Советот на Европската унија, под водство на европскиот дипломат Роберт Купер. Едита Тахири, од своја страна, изјави дека очекува „значаен успех во неколку важни области како што се слободата на движење, слободната трговија и енергетиката“.
XS
SM
MD
LG