Достапни линкови

Грчката опозиција контра ЕУ и власта за кризата


од протестите против владините мерки за штедење

од протестите против владините мерки за штедење

Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Андонис Самарас ги отфрли денеска повиците на претставниците на Европската унија за воведување нови драстични економски мерки, кои би и помогнале на Владата на ПАСОК да ги исполни фискалните цели од програмата за економска обнова на Грција. Самарас сегашниот план на Владата го означи како погрешен и штетен за земјата и додаде дека нема да го поддржи. Тој исто така напомена дека нема да ги поддржи ниту новите мерки, кои ги бараат меѓународните кредитори. Претседателот на Еврогрупата, Жан Клод Јункер и еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен вчера во Брисел побараа од Владата на Јоргос Папандреу да издејствува писмена согласност од опозицијата за програмата за излез на Грција од кризата. Претставници на ЕУ и порачаа на Атина дека треба да го забрза темпото на приватизација за да ја олесни својата задолженост.
XS
SM
MD
LG