Достапни линкови

logo-print

Нема масовни гробници во Дара, тврдат од сиријската влада


од протестите во Сирија

од протестите во Сирија

Сиријските власти ја демантираа информацијата за постоење на масовни гробници во градот Дара во југот на земјата, каде војската неколкупати интервенираше за растурање на анти-владини протести. Според власта, ваквите извештаи се дел од кампања за инкриминирање на Владата која веќе два месеци е соочена со про – демократски демонстрации преку кои се бара оставка од претседателот Башар ал Асад. Претходно, жители на Дара изјавија дека нашле две масовни гробници во кои биле закопани 26 тела.
XS
SM
MD
LG