Достапни линкови

„Ахасфер“ во кумановскиот Театар


Актерите од кумановскиот театар

Актерите од кумановскиот театар

Актерите од кумановскиот театар, обработувајќи ја последната тема „Ахасфер“, се обидуваат да ги пренесат пораките дека токму љубовта е спасот на светот.

Трагајќи по материјалното богатство, човечкиот род се повеќе ја губи врската со хуманоста, со љубовта, со емоциите, со духовноста. Соочени со големото духовно и морално искушение луѓето се повеќе сакаат да побегнат, а не да се изборат за подобар живот. Актерите од кумановскиот театар длабоко свесни за современиот свет, кој е ладен и репресивно расположен, обработувајќи ја последната тема „Ахасфер“ сакаат да ги пренесат пораките дека токму љубовта е спасот на светот, а омразата е сериозна закана за неговото пропаѓање. Стокмени младоста и искуството взаемно ја поттикнуваат движечката енергија.

Младиот режисер Ненад Витанов забележува дека уметниците, инспирацијата
Значајноста на оваа транзициона драматургија е што ние веќе 20 години го живееме овој живот и преку претставата сакаме да го сублимираме сето ова што го живееме и да се погледнеме во огледало.
ја црпат од секојдневието. Но, она што најповеќе го шокира се вестите од црната хроника:

„Значајноста на оваа транзициона драматургија е што ние веќе 20 години го живееме овој живот и преку претставата сакаме да го сублимираме сето ова што го живееме и да се погледнеме во огледало.“

Актерот Горан Илиќ, кој зад себе има богато искуство на штиците што му значат живот соработувајќи со млади актери, вели:

„Еден од главните двигатели кои ме држат во театарот е тоа што театарот има огромна енергија на хуманитет. Има задача да го направи светот подобар. Ако нема љубов не знам што друго би можело да го држи човекот во театар.“

Генерациската разлика меѓу луѓето во одредени периоди од животот одредува и различни сфаќања. Младиот актер Виктор Арев смета дека така е и во театарот. Затоа последниот лик што го толкува ја носи пораката дека:

„Во секоја генерација си има отскоци. Може некој од публиката да се препознае во ликот, да се промени чувството и однесувањето на луѓето што прават и како тоа го прават и да извлече поука.“
Во секоја генерација си има отскоци. Може некој од публиката да се препознае во ликот, да се промени чувството и однесувањето на луѓето што прават и како тоа го прават и да извлече поука.

Многу негативна енергија и многу омраза меѓу луѓето, која често пати е присутна и меѓу најблиските, за младите актери е сериозна закана за пропаста на светот. И како што велат тие, нуклеарката Фукушима нема да го уништи светот, но омразата тоа може да го стори.

Актерката Стефанија Зисовска вели дека не ретко се случува и љубовта да се бара, но на погрешно место. Ликот што го толкува во претставата носи голема омраза и тоа кон своето семејство.

„Мојот лик цело време светка, се бори за љубовта, бара љубов, но ја бара на погрешни места. Слика на нашето секојдневие.“

И како што запишал и младиот руски драматург Василиј Сигарев, а чие што дело во транзицискиот период го презентира оваа актерска екипа, едногласно посочува дека не е лесна борбата со дилемата дали да веруваш или да имаш, да сакаш и да те мразат, или да мразиш за да те сакаат, да бидеш човек, или...
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG