Достапни линкови

logo-print

Позајмени 3 милиони евра од ЕБОР за мали хидроцентрали


Европската банка за обнова и развој и додели заем од 3 милиони евра на македонската Хидро енерџи груп доо Скопје (ХЕГ) за финансирање на изградбата на три мали хидроцентрали во западниот дел од земјава. Хидроцентралите ќе имаат вкупен капацитет од 3,73 мегавати и во просек ќе произведуваат околу 10 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. Тие ќе бидат вклучени во македонската дистрибутивна мрежа, а компанијата ХЕГ ќе има договори за приоритетен откуп со МЕПСО, како и посебна тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија. Ова е трет заем на ЕБОР доделен на приватниот сектор во Македонија за инвестиции во енергетски капацитети.
XS
SM
MD
LG