Достапни линкови

Кампањата почна пред време, велат од МОСТ


Граѓанската асоцијација МОСТ, врз основа на податоците од 106 извештаи за досегашното набљудување на изборниот процес, забележа прекршувања на изборните правила кои можат да влијаат на целокупниот процес, заштитата на интересите и почитувањето на правата на граѓаните. Според податоците на организацијата, забележан е предвремен почеток на изборната кампања. „Веќе стана редовна пракса политичките партии предвреме да ја започнуваат изборната кампања. Јавноста во изминатиот период е сведок на промоции на програми и кандидати на национално и локално ниво. Кампањата почнува 20 дена пред изборите, односно на 16 мај“ рече на денешната прес-конференција Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ.
XS
SM
MD
LG