Достапни линкови

logo-print

Словенечката Влада смета дека „партизанското евро“ не е провокација


Словенечката Влада отфрли обвинувања дека со издавање на „партизанско евро“ со петокрака ѕвезда направила политичка провокација по повод прославата на 20-годишнината од независноста. Пратеник од Словенечката демократска партија постави прашање дали издавањето на „партизанското евро“ е идеолошка провокација. „Ѕвездата петокрака беше клучен симбол на окупаторската ЈНА за време на агресијата врз Словенија во 1991 година“ рече пратеникот Бруно Гримс. Словенија како членка на Еврозоната, искористи право на заедничката валута да стави значајни луѓе од својата историја. На монетата од две евра е партизанскиот херој Франц Розман Стане. Негов лик со ѕвезда петокрака е одобрен од ЕК. Словенија во почетокот на март издаде милион монети со ликот на Стане.
XS
SM
MD
LG