Достапни линкови

Двајца пакистански војници ранети во престрелка со силите на НАТО


Двајца пакистански војници биле ранети во престрелка со силите на НАТО во близина на границата со Авганистан, јавија медиумите. Пакистанските војници стрелале кон хеликоптери на Алијансата, по што војниците во леталата возвратиле и ги повредиле пакистанците. За сега не е јасно дали хеликоптерите влетале во пакистанска територија. Пакистанската воијска соопшти дека НАТО упаднал во пакистанскиот воздушен простор и бара средба со претставници на Алијансата. Претходно, портпаролот на војската Азмат Али во изјава за пакистанскиот сервис на Радио Слободна Европа рече дека хеликоптерите не навлегле во пакистанскиот воздушен простор. Инцидентот се случува во услови на тензични односи меѓу Соединетите американски држави и Пакистан по убиството на основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен.
XS
SM
MD
LG