Достапни линкови

Министрите за финансии на евро-зоната го завршуваат состанокот во Брисел


Министрите за финансии на земјите од евро-зоната денеска ги продолжуваат разговорите во Брисел во врска со финансиските проблеми на некои земји. Вчера министрите за прв пат најавија дека можеби ќе биде потребно реструктуирање на долговите на Грција. Инаку, на состанокот, на Португалија и беше одобрен пакет финансиска помош од 78 милијарди евра, а беше подржан италијанецот Марио Драги за иден претседател на Европската Централна Банка.
XS
SM
MD
LG