Достапни линкови

Делегација на ПССЕ во посета на Македонија


Петчлена делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска ќе дојде во дводневна предизборна мисија во Македонија. Делегацијата ќе ја предводи пратеникот од Монако, Жан-Шарл Гардето од групата на Народните партии. Делегацијата ќе се сретне со претставници на власта и на политичките партии, како и со претседателот на ДИК, со шефот на мисијата на ОБСЕ и со претставници на граѓанското општество, медиумите и дипломатската заедница.
XS
SM
MD
LG