Достапни линкови

logo-print

Наскоро во рибникот на ЈП „Стрежево“ ќе почне се одгледува лосос.

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола планира наскоро во рибникот кај вештачката акумулација да одгледува лосос. Досега во земјата имаше неколку неуспешни обиди за одгледување на оваа речна риба, па потребите на македонскиот пазар се задоволуваат со увозен лосос.
Моментално се одгледува калифорниска пастрмка, но ние се интересираме да донесеме и лосос кој би можел да вирее во овие води. Тој треба да биде приспособен за ваков начин на одгледување. Треба да ги контактираме куќите кои произведуваат икри за да можеме тоа производство да го донесиме тука. Ќе се потрудиме и понатаму да имаме развојни планови во однос на зголемување на капацитетот на рибникот со тоа што ќе донесеме уште повеќе полиестерски кади со кои би можеле да вршиме селекција на тој вид риба.


„Моментално се одгледува калифорниска пастрмка, но ние се интересираме да донесеме и лосос кој би можел да вирее во овие води. Тој треба да биде приспособен за ваков начин на одгледување. Треба да ги контактираме куќите кои произведуваат икри за да можеме тоа производство да го донесиме тука. Ќе се потрудиме и понатаму да имаме развојни планови во однос на зголемување на капацитетот на рибникот со тоа што ќе донесеме уште повеќе полиестерски кади со кои би можеле да вршиме селекција на тој вид риба“, вели директорот Љупчо Бошевски.

Тоа е една од највкусните риби и најбараната на глобално ниво. За нејзино одгледување, стрежевци ќе мораат да вложат средства во дополнителна опрема, како и во набавка на оплодени риби.

„Планираме да одгледуваме речен лосос. За тоа ќе бидат потребни посебни базени. Планираме да донеиме 50.000 парчиња оплодени риби, да бидиме први што ќе успееме да ги одгледуваме тука. Досега имало обид за производство во други рибници, но без успех“, вели Кире Митревски, раководител на рибникот.

Тој се надева дека ќе успеат во планот, зашто големиот и добро опремен рибник им овозможува да ја менуваат температурата на водата. Инаку производството на риба во Стрежевскиот рибник годишно достигнува дури 90 тони, од кои безмалку 80 отсто се продаваат на домашниот пазар.

Лососот се раѓа во слатки и брзи реки, се симнува во море каде што живее повеќе години, потоа пак се качува во реките каде што се размножува. Нешто слично како јагулите од Охридското Eзеро.

Таа е една од најбараните риби зашто содржи омега 3, витамини А и Д, магнезиум и друго. Има црвено месо и наликува на охридската пастрмка. Некогаш била риба резервирана само за богатите, а во 20 век со развојот на гастрономијата, се зголемил нејзиниот лов и денес иако е една од поскапите риби, достапна е за повеќето граѓани.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG