Достапни линкови

Пакистан и САД во обид да ги подобрат односите по убиството на Осама бин Ладен


Американскиот сенатор Џон Кери и лидерите на Пакистан се согласиле за превземање на серија чекори за подобрување на односите меѓу двете земји. Кери го потврди ова за време на посетата на Исламбад, во услови на заострени односи меѓу САД и Пакистан по убиството на основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Кери рече дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон наскоро ќе го посети Пакистан. Од канцеларијата на премиерот Јосуф Раза Гилани соопштија дека „Пакистан и Соединетите држави треба повторно да ја изградат довербата меѓу владините и другите институции“.
XS
SM
MD
LG