Достапни линкови

Македонија прв пат претседаваше со „Еуроконтрол“


Македонија, во рамки на 35-тиот состанок на Привремениот совет и сесија на Постојаната Комисија на Европската организација за безбедност во воздухопловната навигација „Еуроконтрол“, претседаваше со сесијата на Комисијата, првпат од формирањето на организацијата, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Со работата на Комисијата претседаваше Горан Михајловски, заменик министер за транспорт и врски, кој ја предводеше и македонската делегација. Главни точки од агендата на Комисијата беа „Мандатот на Еуроконтрол за преговори со Европската унија за Договорот на високо ниво”, „Извештајот на Комисијата за ревизија на перформансите” и „Утврдување на Пан-европските цели на Еуроконтрол за давателите на услуги за воздухопловна навигација”.
XS
SM
MD
LG